Денес, армијата на Буркина Фасо соопшти дека убила најмалку 20 ʺтерористи“ и уништила четири нивни позиции во комбинирана операција во два северни региона, силно пострадани од џихадистички бунтовници, соопштува АФП.

Операцијата започна на 5-ти мај во регионите Север и Сахел, обединувајќи конвенционални и специјални сили, воздухопловните сили и жандармеријата, полициска единица под воена команда, се вели во соопштението Наречена Houne – Достоинство на јазикот Fula или Peul  – операцијата се очекува да трае повеќе од еден месец, изјави за АФП безбедносен извор.

ʺПовеќе од 20 терористи се неутрализирани“ и уништени се четири нивни бази или позиции, кажува изворот, додавајќи дека се запленети и комуникациска опрема, оружје, муниција и возила.

Во минатото, вооружените сили направија многу соопштенија за слични операции, но не успеаја да ги запрат растечките жртви предизвикани од петгодишната џихадистичка криза во Сахел.

Околу 1.300 луѓе загинале, а повеќе од еден милион ги напуштиле своите домови. Во саботата, тројца цивили беа убиени во Тин-Акоф, додека тројца војници беа ранети од бомба во Мансила, во источната провинција Јага.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO