Изјавите на комесарот Оливер Вархеји за можно разделување на С. Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, предизвикаа бура од негодување во кругови на ЕУ и меѓу познавачите на приликите во Југоисточна Европа, пишува австрискиот весник ʺСтандард“, а пренесува ДВ. Весникот со седиште во Виена тврди дека функционерите на ЕУ не разбираат што му станало на Оливер Вархеjи и дека тој веројатно спроведува агенда на Виктор Орбан, за да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ.

Висок службеник на Европската комисија за ʺСтандард“ вели дека изјавите на Вархеји наишле на чудење во Брисел.

ʺНе разбираме што му стана, ние секогаш велевме и, и понатаму ќе велиме: Северна Македонија ги исполни сите критериуми“.

Службеникот дополнува дека му е нејасно зошто воопшто се шпекулира за разделување на европскиот пат на двете земји, кога одлуката ќе ја донесе Советот на ЕУ, а таму не постојат никакви амбиции за раздвојување.

ʺКако комесар за проширување тој не смее да си дозволи да се води од лични симпатии“, вели претставникот на ЕУ.

Според весникот, во дипломатски кругови се наведува дека Вархеји баш и не се прославил во однос на поддршката на социјалдемократската влада во Скопје да го надмине ветото на Бугарија.

ʺНапротив: Тој дури покажувал симпатии за националистичката позиција на бугарската влада“, пишува ʺСтандард“.

Еден ден откако комесарот за проширување на ЕУ, Вархеји, најави можност за почеток на преговори со Албанија, а дека Македонија мора да направи договор со Бугарија, премиерот Заев беше категоричен дека не ни треба ЕУ, ако за тоа треба да се даде македонскиот идентитет.

Во очи на претстојниот европски Самит премиерот, Заев денес на средба со шефицата на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен ќе се обидува да ги убеди европските челници дека С. Македонија треба да ги продолжи интеграциите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO