Фото: Роjтерс

Шкотската национална партија на Никола Старџен извојува историска четврта последователна победа на парламентарните избори, отворајќи го патот кон зајавување за спроведување на втор референдум за независност на Шкотска.

Само еден глас не стигна за националистите да добијат целосно мнозинство во парламентот во Единбург. Тие сега располагаат со 64 места од 129, следени од Конзервативците со 31, лабуристите со 22, зелените со 8 и либералдемократите со 4.

Распределбата на местата покажува дека двете партии кои се за независност – Шкотската национална партија и Зелената партија – имаат конфортно мнозинство во новиот парламент.

Никола Старџен изјави по победата дека нејзиниот приоритет сега е справување со пандемијата од коронавирусот, но намерата за нов референдум останува во сила откако ќе се надмине кризата. Таа додаде дека сега Борис Џонсон нема ʺдемократско оправдување“ да го блокира референдумот за независност.

Самиот Борис Џонсон упати итна покана кон лидерите на самоуправувачките нации во Обединетото Кралство на средба за разговари за обновувањето од Ковид-19. Премиерот посочи дека ʺраспаѓањето на земјата ќе биде безодговорно и несовесно“.

Меѓу останатите изборни резултати од различните избори што се одржаа оваа недела во Обединетото кралство, заслужува да се спомене уште реизборот на лабуристот Садик Хан за градоначалник на Лондон, победата на Лабуристичката победа во Велс и убедливото претставување на Конзервативната партија на изборите за местни совети во Англија, како и изборот на конзервативен пратеник од Хартлипал, каде од основањето на изборната единица пред скоро 60 години, лабуристите победувале секогаш.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO