Расел Вестбрук одигра уште еден силен натпревар, со кој го изедначи рекордот на легендарниот играч Оскар Робертсон во НБА. Бекот на Вашингтон Визардс го забележа својот 181 трипл-дабл во драматичниот успех на неговиот тим од 133-132 над Индијана Пејсерс.

Вестбрук натпреварот го заврши со 33 поени, 19 скока и 15 асистенции. 32-годишниот кошаркар одигра клучна улога во победата и направи блокада во последните секунди од продолжението.

На друг натпревар, Голден Стејт Вориорс катастрофално ја совладаа Оклахома Сити Тандер со 136-97, а Стеф Кари постигна 49 поени за близу 30 минути игра.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO