Фото: Роjтерс

Со традициона парада на победата во Москва беше одбележена 76-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над хитлерова Германија во Големата патриотска војна.

Парадата на Црвениот плоштад започна точно во 10 часот со изнесување на националното знаме на Русија и знамето на победата под звуците на патриотската песна ʺСвета војна“ од композиторот Александар Александров.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу ја прими парадата од командантот на копнените војски генерал Олег Саљуков, по што му даде извештај на претседателот и врховниот командант Владимир Путин. Русија ќе продолжи да ги брани своите национални интереси и да ја гарантира безбедноста на својот народ, изјави Путин и ги поздрави своите сонародници со зборовите:

ʺСлава на народот победник! Честит празник! Честита голема победа! Ура! “

На Црвениот плоштад поминаа повеќе од 12.000 војници и 190 единици воена техника. До последно не беше јасно дали ќе се одржи воздушен дел од парадата поради облачното време. На крајот сепак над Москва летаа 76 борбени авиони и хеликоптери.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO