„Пред една година, Европа беше премногу разоружана во здравството и сметам, дека сè уште е и денес. И треба да си ги извлечеме сите поуки од тоа, дека бевме исправени пред големи удари како пандемијата“, кажа францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на конференцијата за иднината на Европа во Европскиот парламент во Стразбур. Тој додаде дека треба да се зајакне капацитетот на заедницата, затоа што само на тоа ниво одговорот е траен. По повод критиките, дека Европа не се движи доволно брзо и не покажува многу амбиција, тој изјави:

ʺПред три години, во истата таа хемисфера, изразив убедување дека единствениот одговор против авторитаризмот, кој би имал вредност, би бил авторитетот на демократијата. А тој авторитет може да биде добиен само со ефективност и брзина. Нашата европска демократија е демократија на компромисот и рамнотежата и тоа е доблест, која треба да ја браниме како скапоценост, затоа што таа избегнува секакви хегемонии. Но таа е и слабост, кога се задушува во сопствените процедури. И тука треба да ги преоткриеме ефиктивноста и амбицијата – кога сме исправени пред кризата, да реагираме побрзо и најмногу посилно “.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO