Фото: Роjтерс

Европската комисија решила да не го продолжува договорот за доставка на вакцини од компанијата AstraZeneca, соопшти агенцијата Ројтерс повикувајќи се на комесарот на ЕУ за внатрешен пазар Тиери Бретон.

Европската комисија не ја обновила порачката на вакцини од АстраЗенека по јуни 2021 година, пишува агенцијата.

Потсетуваме дека во април ЕУ навести дека можеби нема да ја нарача повторно коронавирусната вакцина AstraZeneca по одложувањата во испораките на првите серии.

ʺНие сме прагматични. „Мојот приоритет, што се однесува до вакцините, е да гарантирам, дека фирмите, со кои имаме договори, да ги доставуваат навреме“, изјави тогаш Тиери Бретон.

Првично, Брисел порача 120 милиони дози, кои да бидат користени во 27-те земји-членки во првиот квартал и 180 милиони во вториот квартал.

AstraZeneca меѓутоа ʺдостави само 30 милиони, создавајќи ги на тој начин проблемите, кои сите ги гледаме“, кажа Бретон, додавајќи дека во вториот квартал ќе бидат доставени само уште 70 милиони дози.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO