“Најпосле падна и големиот злосторник Тодор Паница. Се тргна демонот на разрушувањето, кој чинеше толку крв, жртви и солзи на Македонија. Падна родоотстапникот на своето племе – падна убиецот на македонската независност. Една млада и прекрасна македонка, чувана и порасната во китното Крушево, стави крај на еден живот, изткаен само од престапи.

Пристигнатата во Виена, младата Мелпомена Крничева ја избрала својата жртва. За време на претставувањето на пиесата “Пер Гинт“ од Ибсен во Бургтеатар, кога настапил еден од најтрагичните моменти во пиесата, тогаш таа вади еден револвер од пазувите и со четири куршуми го кутнува на земјата опасниот злосторник. Младата македонка прекрасна, горда и смела како Шарлота Корде, спокојно и со достоинство, го исповедува својот акт, а говорејќи само – Јас го убив за неговите престапи и за несреќите, кои тој ги нанесе на мојата родина – Македонија.

Тоа е подвиг. А подвизи вршат само народните херои и хероини, кои ја носат во градите својата велика душа и силна љубов кон родината. Мелпомена Крничева е наша хероина. Таа, со својата нежна и благословена рака избриша уште многу неисплакани солзи, направи да здивне цел еден народ и најпосле стави крај на еден опасен злосторник.

Чедо на херојско Крушево, пред да посегнеш во својата пазува, сигурно, пред твојот мил поглед бил исправен окрвавениот образ на твојата разделена родина. Ти виде низ него да минуваат моќните фигури на двајцата македонски титани Сарафов и Гарванов, подмолно убиени од злосторникот. Пред тебе се исправи и царствената сенка на македонскиот дух и волја – Тодор Александров, кој ја изложи твојата рака. Ти го стисна здраво оружјето и ја собори молскавично твојата жртва. Ти не посегна ниту на една невина жртва, ти не постави пеколна машина во театарот, како тоа што го направија подмолните злосторници во црквата “Света Недела“, за да одземат живот на невини жртви од деца и жени. Ти не посегна во туѓ гроб, како тоа што го вршат предавниците на твојата родина. Напротив, ти имаше ретко завидно домашно воспитување, на кое мафна со едната рака, а со другата го кутна предавникот на својот род. Ти го исполни својот свет долг кон својата родина, спасувајќи ја од еден крволочник, кој и направи толку многу несреќи. Ти си сега во некои од занданите на Виена, но ти ги слушаш благодарните молитви кои ти ги испраќа цел еден народ и кој го благословува твоето дело. И ако еден ден ти бидеш исправена пред суд да одговараш за своето дело и ако воопшто се најде судија да го суди твојот голем подвиг, знај Мелпомена, дека твојата пресуда е веќе впишана со златни букви во историјата на Македонија.

Ти си македонска народна хероина.“   – Петар Мрмев, весник “Независна Македонија“ (на бугарски – Независима Македония“ број 169, 1925 година.

ФБ статус на Културно Просветно Друштво Вардар


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO