Фото: Роjтерс

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија сè уште не е подготвена да биде членка на ЕУ, но и дека одложувањето на овој процес е бесмислено.

На годишната конференција ʺСостојба на Унијата“ во Фиренца, Рама оцени дека растечкиот број на услови што ЕУ и ги поставува на Албанија е ʺшизофреничен и бесмислен“, пренесува албанскиот портал ʺABC“.

ʺМислам дека членството е голем збор и ако ме прашаат денес дали Албанија е подготвена да биде членка, би рекол не. Сепак, она што не го разбирам е одложување на почетокот на преговорите по одлуката од 2018 година за отворање преговори. На земјата навистина и треба тоаʺ – рече Рама.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO