Фото: Роjтерс

НАТО изрази солидарност со Бугарија по повод дестабилизирачките активности на Русија на нејзина територија и ја нагласи уште еднаш целосната поддршка за нејзиниот суверенитет, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Ова се случи денес во Брисел на средбата на Северноатлантскиот совет на НАТО на амбасадорско ниво. Таму беа сослушани претседателот на ДАНС и директорот на Воената разузнавачка служба. Тие го запознаа Советот со откриените незаконски дејствија на руски граѓани на територијата на Република Бугарија од 2011 година до денес.

Сите 29 држави дадоа изјави за поддршка на Бугарија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO