Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција изјави дека средбата помеѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски може само да биде  од прилог.

ʺЈас сум приврзаник на дијалог. Знаете јас на последниот дијалог кој го имав со господинот Мицкоски , впрочем после тоа имавме дијалог со Села и Африм Гаши сите тие дадода ако не целосен барем делумен резултат. Во првата средба беше договорено одлагање на пописот, па фингер принтот за возврат баравме деблокирање на Собранието. Законот за државјанство е решен, сакам да излезат и предлагачите и тоа да го соопштат. Така да утрешната средба  помеѓу Пендаровски и  Мицкоски може да биде само од прилог ништо не може да биде зијанʺ, изјави Заев.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO