Русија била тема на двостран разговор меѓу високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жозео Борел и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Двајцата разговарале за време на средбата на министрите за надворешни работи на Г-7 во Лондон, соопшти Европската служба за надворешни работи.

Борел и Блинкен разговарале за неодамнешното натрупување на руски војски на границата со Украина и во анектираниот Крим, здравствената состојба на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, постапките на Москва против земјите-членки и санкциите против граѓани на ЕУ.

Друга дискутирана тема била за последниот развој во нуклеарниот договор со Иран со перспектива за евентуалното враќање на САД во него.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO