Сојузната министерка за Европа и Устав на Република Австрија, Каролине Едштадлер смета дека Македонија и Албанија треба заедно да го продолжат пристапниот процес кон Европската унија. Раздвојувањето на двете земји во тој процес, вели таа, може да биде ризично и тоа треба да се спречи.

ʺНие сакаме Албанија и Македонија заеднички да добијат реална перспектива во Европската унија. Ние сме на мислење дека ќе биде ризично и во секој случај ќе треба да се спречи овие две земји во овој процес да ги разделиме. „Леавинг но оне бехинд” или неоставањето никој назад во преговорите ќе треба да остане како девизаʺ, рече министерката Едштадлер одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Затоа таа се надева дека прашањето со Бугарија ќе биде надминато.

ʺСе надевам дека, исто така, Македонија ќе остане конструктивна и активна и ќе влијае проблемот да се реши да се дојде до меѓувладина конференција за двете земјиʺ, истакна австриската министерка за Европа и Устав.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO