Фото: Роjтерс

Во Франција, од денес започнува постепено олеснување на наметнатите анти-епидемиски мерки, согласно објавен од здравствените власти и претседателот Емануел Макрон план за тоа во четири етапи.

Од понеделник, 3 мај, Французите можат повторно да бидат неограничено низ целата земја. Меѓутоа, вечерниот час од 19.00 часот ќе продолжи да дејствува, и постепено ќе се повлекува два часа подоцна до целосното укинување на 30 јуни.

За втората етапа на 19 мај, Макрон ветува отворање на терасите на рестораните и конечно на светот на културата, со ограничен број на публика. Дури од 9 јуни културните институции ќе почнат да работат слободно со подготвената ʺсанитарна пропусница“. Таа ќе се однесува и за туристите за кои Франција треба повторно да отвори врати.

ʺМерките се национални, но ќе можеме да примениме санитарни сопирачки во области каде вирусот циркулира премногу“, уточнува претседателот.

Планот изгледа смел во услови на бавно стивнување на епидемијата во земјата.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO