Европската комисија предлага земјите-членки да ги олеснат ограничувањата за малку важните патувања во ЕУ, земајќи го во предвид напредокот на вакцинациските кампањи и развојот на епидемиолошката состојба на глобално ниво.

Комисијата предлага да се дозволи влегувањето во Заедницата на оние патувања не само за патници, кои доаѓаат од земји каде што здравствената состојба е добра, но и за сите кои што се имунизирани со вакцина, која добила зелено светло во ЕУ.

Бидејќи мутациите создаваат нови опасности, Комисијата предлага нов механизам за итно запирање, кој да се координира на ниво на Заедницата и ќе го намали ризикот од влегување на такви мутации во ЕУ. Ова ќе им овозможи на земјите-членки да дејствуваат брзо и привремено да ги ограничуваат до стриктниот минимум патувањата од засегнатите земји за времето, кое е неопходно за активирање на соодветните санитарни мерки.

„Време е за заживување на туристичката индустрија и обновување на прекуграничните пријателства, но безбедно. Предлагаме да ги поздравиме повторно вакцинирани посетители и оние од земји со добра здравствена состојба. Но, ако се појават варијанти, ние треба да дејствуваме брзо: предлагаме европски механизам на ʺитна сопирачка“, објави фон дер Лајен во публикација на Твитер.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO