Фото: Роjтерс

Портпаролката на комесарот за проширување, Ана Писонеро на денешниот редовен брифинг за новинари одговарајќи на прашање го повтори ставот на Европската Комисија дека таа очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со С. Македонија и Албанија што е можно поскоро.

ʺОва е јасна позиција на Комисијата, но Советот е тој што треба да ги одобри преговарачките рамки што ги поднесовме веќе пред некое време“, вели Писонеро и додаде дека се очекува од португалското претседателство да ги свика конференциите за двете земји што поскоро.

Европската Комисија смета дека двете земји се подготвени да ги започнат преговорите со ЕУ штом земјите членки дадат зелено светло за усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO