Два извештаи изминатата седмица од меѓународните невладини организации ʺРепортери без граници“ и ʺФридом хаус“, кои обрнуваат внимание на посочените проблеми од европските претставници, останаа скоrо незабележани во Белград.

Според извештајот на ʺРепортери без границиʺ, Србија е земја со слаби институции, каде лажните вести се распострануваат од сензационални медиуми, поддржувани од владата, а новинарите скто секојдневно се подложени на напади. Србија според овој извештај, го задржува 93-то место во светот според слободата на медиумите. Меѓународната организација истакнува дека владата ја искористила кризата со коронавирусот за усвојување на драконски закон, кој подоцна беше укинат. Врз основа на овој закон, новинарката Ана Лалиќ беше задржана во притвор во април 2020 година за информација за локална болница.

Во извештајот се вели исто, дека за време на антивладини демонстрации, новинарите биле подложувани на насилство, како од страна на демонстрантите, така и од полицијата, но повеќето од случаите останале без последици. Во извештајот се одбележува и дека Српскиот апелационен суд ги укинал казните за убиството на новинарот Славко Чурувија, сопственик на весникот ʺДневни телеграф“. Чурувија беше убиен на Велигден 1999 година од тајната полиција на Милошевиќ. Апелациониот суд нареди предметот да биде разгледан повторно.

Во исто време, во новиот годишен извештај на финансираниот од американската влада ʺФридом Хаусʺ, Србија е поставена во категоријата на хибридните режими. Документот покажува дека постои регрес во областа на демократското управување на национално ниво.

Во извештајот се наведува дека парламентарните избори во Србија во јуни 2020 година биле спроведени без конкуренција и резултатот од изборите е де факто еднопартиски парламент.

Весник ʺДанасʺ коментира дека Србија добива критики заради провладината пропаганда, која и донесла убедлива победа на Српската напредна партија на парламентарните избори. Во извештајот на ʺФридом Хаусʺ, полош резултат во споредба со претходната година се забележува во областа на изборниот процес. Оценката за изборниот процес паѓа на 4,25 од 4,50 поради измените во изборниот закон направени од владејачката партија пред парламентарните избори и недостатокот на можност за избор за гласачите, со оглед на тоа што мнозинството од опозицијата го бојкотираше гласањето.

Веќе втора година по ред, Србија не влегува во категоријата на демократски држави. Оваа година таа добива 3,89 поени, а минатата година нејзината оценка беше 3,96.

Српскиот претседател Александар Вучиќ е со 38% повеќе време во медиумите отколку премиерот Ана Брнабиќ и целата српска влада земено заедно. Оваа анализа се содржи во анализа на национални новинарски предавања, извршени од Српското биро за социјални истражувања (BIRODI), публикувана на 28 април. На неа, меѓутоа медиумите во Белград не и обрнаа внимание.

ʺВоспоставеното трајно правило – неприкосновеноста на Вучиќ во медиумите – се потврдува и по овој повод. Се испостави дека тој имал повеќе настапи во медиумите надвор од предизборниот период отколку за време на предизборната кампања минатата година “, се вели во извештајот, во кој е истражуван периодот од 1 декември 2020 година до 15 април 2021 година.

Истражувачите откриле дека со повеќе од 41 часовно присуство на медиуми, медиумите му ја осигуруваат на Вучиќ најпозитивната медиумска слика. Анализата утврди дека опозициските партии, освен што се помалку застапени со само 6 часа и 45 минути време, се прикажани и во видливо понегативно светло.

ʺОвој заклучок важи пред се за оние опозициски партии кои ги бојкотираа последните парламентарни избори. Во рамките на оваа група на партии, Партијата за слобода и правда и Драган Ѓилас беа прикажани најмногу во негативно светло, најмногу благодарение на ТV Pink “, се вели во извештајот. ТV Pink е водечка комерцијална телевизија во Србија, сопственост на Жељко Митровиќ.

Медиумско слугување

Свеж пример за медиумското слугување во Србија е посетата на Вучиќ на Брисел на 20 март, кога странски медиуми го поставија акцентот на притисокот на евро-институциите на критиките, додека српските медиуми не ги забележаа тие забелешки и ја објавија посетата за особено успешна.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел изјави пред Вучиќ дека ЕУ очекува Србија да ја исполни реформската агенда, особено во однос на владеењето на правото и слободата на медиумите. Меѓутоа, српскиот печат претпочита да се фокусира на проект за железничката линија Белград-Скопје, кој според ЕУ е подготвен да го поддржи.

Весник ʺПолитикаʺ коментира дека Европската унија земала еден бод предност пред Кина со железничкиот проект Белград-Северна Македонија. ЕУ тоа го постигнала, предлагајќи 700 милиони евра грантови за финансирање на обновувањето и изградбата на железницата. ЕУ стана конкурент и ги истурка Кинезите, кои веќе навлегоа во овој бизнис, коментира изданието.

Заменик претседателката на Центарот за надворешна политика Сузана Грубиешиќ, изјави за весникот ʺБлицʺ дека посетата на Вучиќ на Брисел била многу успешна. Според неа, клучните пораки за време на посетата на Вучиќ во Брисел биле дека европскиот пат на Србија ќе биде забрзам и ќе започне приложивање на новата методологија за проширувањето.

Весник ʺПолитикаʺ коментира по повод посетата, дека од демократските промени во октомври 2000 година, Србија е на европскиот пат и главна надворешно-политичка цел на земјата е нејзиното членство во Европската унија.

Во српските медиуми не наоѓаат место оценките на европски аналитичари, кои изразуваат загриженост, дека под водство на Вучиќ, Србија се повеќе залетува геополитички кон обврзаност со Москва и Пекинг.

Преземено од EURACTIV

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO