Фото: Роjтерс

Компанијата ʺФајзерʺ ќе и подари лекови во вредност од 70 милиони долари на Индија, која се бори со нов бран на коронавирусот и регистрира по над 300.000 заразени лица за едно деноноќие веќе 12 дена по ред, пренесе Ројтерс.

Американскиот фармацевтски гигант веќе започнал преговори со индиските власти за забрзување на процесот на одобрување на вакцината против Ковид-19, која заеднички е разработена со германскиот ʺБајонтехʺ.

Извршниот директор на ʺФајзерʺ, Алберт Бурла изрази жалење што препаратот не е одобрен во Индија, и покрај тоа што потребните документи се доставени пред неколку месеци.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO