Фото: Роjтерс

Во Франција, традиционалните првомајски синдикални манифестации се враќаат по долгиот карантин. Најавени се околу 300 митинзи во земјата.

Два дена пред олеснувањето на санитарните мерки, францускиот Први мај ќе помине скоро како и обично: ако минатата година синдикатите празнуваа од балконите, демонстрациите денес се дозволени, со маска и пополнета декларација.

Спорадични митинзи со различни идеи се најавени пред пладне: на симпатизерите на ʺжолтите елеци“ или за 150-годишнината од Париската комуна. Главната поворка треба да започне рано попладне од плоштадот на Републиката под многу широк наслов ʺза работните места, платите, државните служби, слободата и мирот во светот“.

Освен санитарните мерки, основна грижа на властите е од нови акти на насилство и вандализам, кои секогаш ги придружуваа демонстрациите во последно време. Новиот метод на полицијата е распоредување цивилни полицајци, кои да поддржуваат дијалог и атмосфера на доверба, реагирајќи веднаш на дејствата на екстремистите.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO