Фото: Роjтерс

Асен Плевенлиев е најстариот син на поранешниот бугарски претседател Росен Плевенлиев, а како што пишуваат тамошните медиуми тој е пред венчавка со Македонка.

Срцето на Асен го освои една убава Македонка по име Нина, која е родум од Скопје, а која веќе подолго време живее во Бугарија и во 2020 година дипломира на престижното англо-американско училиште во Софија.

По дипломирањето, таа се пријавила на елитен универзитет во Прага и моментално живее во главниот град на Чешка, пишува „Факти.бг“.

Нивната врска е од далечина, но и покрај тоа наоѓаат време да бидат заедно. Нина не ја крие радоста од ниту една нивна романтична средба, која ја доловува на фотографии на социјалните мрежи.

Росен Плевнелиев и неговата поранешна сопруга Јулијана веќе ја запознале својата идна снаа, пишува „Ретро“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO