Опис: „На ден 18.11.1981 година заедно со ПОО (прецртано) присуствував на одбрана на магистерски труд…потоа по предлог на предметот во работа…заминавме во бифетот во РО „Вардар-филм“ Скопje. Во моментот кога се сместувавме и кога (прецртано) ме запознаваше со сопственикот на бифето ни пријде ПОО (прецртано – Табакера, Ристо Шишков), во пијана состојба и без повод ни се обрати со зборовите: „Јас сум бугарофил кој има смелост тоа јавно да го признае неплашејки се од јавноста“, а истовремено ми се обрати и мене, напоменавујки дека сето тоа можам да и го пренесам на Службата.

По овој истап на (прецртано) не реагираше, нити подоцна го коментираше случајот во бифето, туку само ме замоли да ги напуштиме просториите на „Вардар-филм“ пред него што истапот прерасне во посериозен конфликт…“

Извор: Скенирано од оригинален примерок

Автор: Ристо Шишков е истакнат македонски актер. Во 1979 е обвинет во навреда на српски и хрватски артисти, исто како и на Тито. Обвинет како националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 заминува во затвор. По боледување умира на 17 јуни 1986 година во Скопје.

За да го прочитате извештајот кликнете ТУКА

Извор: Библиотека Струмски


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO