Фото: Роjтерс

Бруталниот втор бран на Ковид-19 во Индија доведе до над 400 000 случаи на дневна основа за прв пат, додека земјата започнува голема кампања за вакцинација за сите возрасти, пренесе Ројтерс.

Властите денес соопштија за 401.993 новозаразени во последните 24 часа – највисок број на глобално ниво, откако 10 последователни дена бројот на новите случаи беше над 300.000 секој ден.

Смртните случаи во последните 24 часа се 3523, вкупно 211 853 за земјата, според податоците на Министерството за здравство.

Најголемиот светски производител на вакцини има ограничен број на дози во услови на влошени услови и пренатрупани болници и мртовечници.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO