Фото: Роjтерс

Грција ги продолжува сите постојни ограничувања за влегување на територијата во земјата до 6 часот наутро на 14 мај.

При влегување на грчка територија, независно од видот на транспорт, од патниците се бара да презентираат негативен тест за PCR направен не порано од 72 часа по влегувањето во земјата и QR-код за времетраењето и локацијата на престојот.

На 19 април, грчките власти одлучија да го укинат условот за задолжителен 7-дневен карантин за граѓаните на земјите-членки на ЕУ и Шенген-зоната.

Отпаѓањето на карантинот е можно само ако граѓаните при пристигнувањето во Грција презентираат документ за негативен резултат од ПЦР-тест, направен не порано од 72 часа пред да влезат во земјата или сертификат за вакцинација, со која се докажува дека имунизацијата е направена најмалку 14 дена пред тоа.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO