Фото: Роjтерс

Македонските државјани кои се на возраст под 60 години и примија прва доза на вакцина против Ковид-19 од „Астра Зенека“ во Србија, нема да можат да се ревакцинираат со истата вакцина во земјава, кажа министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју за ʺ360 степени“.

ʺИма граѓаните кои во Србија примија и друга вакцина, па се ревакцинираа во земјава. Нема да може да се ревакцинираат со „Астра Зенека“ само помладите од 60 години, поради одлуката што ја донесовме да не се дава таа вакцина на оваа категорија на граѓани. Но, нашите ескперти ги следат ставовите на многу различни агенции на европски земји за тоа дали ќе може евентуално како ревакцина да се прими друга вакцина од друг производител. На пример, Германија препорачува за втора доза односно ревакцина да биде вакцината на ‘Фајзер’“,рече Филипче.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO