Фото: Роjтерс

Руската вакцина против коронавирусот ʺСпутник Vʺ е одобрена за употреба и во Турција. Решението за тоа е на турската агенција за лекови, соопштуваат турските медиуми.

Претходно, турскиот министер за здравство Фахретин Коџа соопшти дека Анкара склучила договор за доставка на 50 милиони дози од рускиотиот препарат.

Во април, турските здравствени власти и Рускиот државен фонд за директни инвестиции изјавија дека земјата наскоро треба да започне со производство на ʺСпутник Vʺ.

Во меѓувреме, турските граѓани се имунизираат со вакцини развиени од кинеската компанија Sinovac, како и со вакцината Pfizer/BioNTech.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO