ʺАко го набљудувате случајот на луѓето кои се осудени за тероризам, можеби Македонија е единствената држава во светот со толку терористи во затвор“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и не ја исклучува мжноста за нови протести по празниците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, негира дека неговата партија поддржува насилство, по обвинувањата од премиерот Зоран Заев дека протестот за осудените од крвавиот четврток, претставува соучесништво во настаните од 27 април. Мицкоски го повтори ставот дека ВМРО-ДПМНЕ бара повторно судење на обвинетите за овој случај.

ʺОна што ние го поддржуваме e правда. Никој не вели дека поддржуваме насилство. Напротив, во Македонија постои судска пракса, дел од случаите за кои има основано сомневање дека биле политички инструирани, да има повторно судење од почеток за да се аргументираат позициите на двете страни – на обвинителството и на лицата кои се обвинети. Тоа е она за кое што ние се залагаме,“ изјави Мицкоски.

Мицкоски не ја отфрли можноста за повторно излегување на протести, но најави дека за тоа ќе се дискутира по верските празници Велигден и Бајрам.

ʺАко го набљудувате случајот на луѓето кои се осудени за тероризам, можеби Македонија е единствената држава во светот со толку терористи во затвор. Ќе видите дека судијата кој ги изрече овие драконски казни е судија кој што како да полагаше устен испит пред да стане уставен судија“ додаде Мицкоски.

За време на викендот Мицкоски со раководството на ВМРО-ДПМНЕ беше дел од протестот под слоганот ʺСлобода за уставобранителите“, од каде порачаа дека осудените за тероризам се патриоти и побараа повторно судење.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO