Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук смета дека претседателот Стево Пендаровски може да се постави како гарант за конструктивноста во решавањето на спорот со Бугарија.

Ќучук оцени дека и покрај повиците на највисоките челници на ЕУ да се даде зелено светло за старт на преговарачкиот процес со С.Македонија до крајот на јуни годинава сепак се поизвесно е дека во Бугарија ќе има нови парламентарни избори, што пак ќе значи повторно одложување на официјалниот почеток.

ʺНе останува време за до крајот на португалското претседателство и треба да бидеме подготвени за тоа сценарио, во овој момент не ми личи реалистично Бугарија да прифати и треба да се работи на тоа да се реши билатералниот проблем, со намалување на националистичката реторика од двете страниʺ, изјави Ќучук.

Тој повика македонските власти да се фокусираат на реформската агенда, која ќе бара напор во наредниот период, како и да вложат во добрососедските односи.

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент вели дека е свесен оти повторното одлагање на почетокот на преговорите за земјата ќе има обесхрабрувачки последици врз јавноста и дека ʺиднината е легитимен аргумент“, но оти и ʺза минатото треба да има разбирање во двете држави“.

Ќучук се надева дека двете страни ќе успеат да ги затоплат односите во наредниот период и повтори дека иднината на земјата е во Европската Унија.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO