ʺДискутиравме за поддршката за официјално започнување на пристапните преговори на С. Македонија и потребата Советот на ЕУ да се согласи за преговарачката рамка. Важно е Северна Македонија и Бугарија да најдат заемно прифатливо решение за билатералните прашања“, објави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Твитер по средбата што ја имаше утрово со македонскиот претседател Стево Пендаровски.

Претседателот на Македонија престојува во дводневна посета на Брисел каде што ќе има средби во ЕУ и во НАТО.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO