Тимот на Наполи го совлада Торино со 2: 0 како гостин во натпревар од 33-тото коло на Серија А во Италија и го измести Јувентус од третото место во поредокот.

Избраниците на Џенаро Гатузо го решија мечот со два брзи гола на почетокот. Тиемуе Бакајоко го отвори резултатот во 11-та минута, а секунди подоцна Виктор Осимен го удвои водството на гостите.

Наполи можеше да победи со поголем резултат. Лоренцо Инсиње ја погоди гредата непосредно пред крајот, а во 86. минута домаќините останаа со еден човек помалку откако Роландо Мандрагода доби втор жолт картон.

На друг натпревар, Лацио го победи Милан со 3: 0 на ʺОлимпикоʺ и се врати во битката за топ 4. Хоакин Кореа погоди двапати пред Чиро Имобиле да го постави конечниот резултат.

Води Интер со 79 бода, а го следат Аталанта со 68, Наполи, Јувентус и Милан со по 66 бода и Лацио со 61 бода.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO