Димитар Бербатов ќе се кандидира за претседател на Бугарскиот фудбалски сојуз на претстојниот конгрес, најави тој на неговата денешна прес-конференција.

Во тимот на звездата на Манчестер Јунајтед и Тотенхем се наоѓаат неговите поранешни соиграчи во ЦСКА и репрезентацијата Стилијан Петров и Мартин Петров, како и Петар Величков, Борис Станков и Георги Владов.

ʺНема што повеќе да се бавиме и да одложуваме – изјави голгетерот на репрезентацијата на сите времиња. – Официјално ја отворам мојата камтаципања за претседател на БФС. Мислам дека моментот е дојден и започнуваме од денес. Сме започнале уште пред доста време да работиме активно. .

Ја имав привилегијата да работам со најдобриот тренер, сер Алекс. Тој велеше дека изборот на тимот е најважен на патот кон успехот. Знаете кој сум и што сум направил. Веќе влегувам во ново поглавје од развојот на мојата кариера. Решивме да имаме симбиоза помеѓу фудбалските луѓе и луѓе, кои биле долго време во бизнисот “.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO