Фото: Роjтерс

Производството во две од британските фабрики за автомобили на Jaguar Land Rover (JLR) ќе биде прекинато од понеделник поради нарушувања во синџирот на доставки, вклучително недостатокот на полупроводничка техника, соопштија денес од компанијата.

ʺНие ги корегиравме распоредите на производство на определени превозни средства, што изначува, дека нашите погони во Castle Bromwich и Halewood ќе работат ограничен период, сопирајќи времено од понеделник, 26 април“, објави компанијата, сопственост на Tata Motors.

Производството во третата британска фабрика за автомобили на JLR во Solihull, централна Англија, ќе продолжи, соопштија од компанијата.

„Слично на други автомобилски производители , во моментов доживуваме одредено нарушување во синџирот на снабдување поради негативните ефекти на пандемијата од коронавирус. Тесно соработуваме со погодените добавувачи за да ги решиме проблемите и да го минимизираме влијанието врз нарачките на клиентите, каде што тоа е можно“, посочуваат од Jaguar.

Пандемијата ʺКовид-19“ ја зголеми побарувачката на полупроводнички чипови за употреба во електрониката, како што се компјутерите, бидејќи многу луѓе низ целиот свет работат од дома, додека добавувачите се борат да се прилагодат, што влијае на голем број производители на автомобили. Трговските текови се исто така погодени.

Во средата, производителот на автомобили Stellantis изјави дека ќе ги замени дигиталните брзинометри со постаромодни аналогни во еден од своите модели Peugeot со оглед на проблемите со недостиг на полупроводничка техника.

Финансискиот директор на Renault изјави денес дека производството на автомобили паднало со десетици илјади превозни средства во првиот квартал како резултат на тој недостиг.

Редица други автомобилски производители ширум светот, вклучително General Motors, Ford и Honda, исто така беа принудени да ги сопрат производствените линии поради недостигот на полупроводници.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO