Фото: Роjтерс

Chevron USA Inc. и Toyota Motor North America Inc. Објавија денес меморандум за разбирање за проучување на стратешки сојуз за развој на трговски маштабен одржлив водороден бизнис.

Двете компании ќе се фокусираат на мерките на јавната политика ,поврзани со водородот, разбирањето на побарувачката на пазарот аа електрични превозни средства и заеднички активности во областа на научно истражувачката и развојната дејност во областа на складирањето и транспортот на водород.

Претставници на двете компании изразија возбуда за претстојната соработка, а извршниот потпретседател на Toyota Motor North America,  Боб Картер, изјави дека алијансата е ʺуште еден важен чекор кон градењето на водородна економија“.

Сојузот е последниот потег на Тојота на пазарот на електрични превозни средства. Во понеделникот, компанијата објави дека ќе претстави до 15 нови електрични превозни средства во рамките на следните четири години (до 2025 година), со што, нивниот вкупен број ќе достигне 70 модели.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO