Фото: Роjтерс

Американскиот сопственик на Ливерпул, Џон Хенри, се извини за превирањата околу објавеното создавање на Европската Супер лига. Првично, мерсејсајдците беа меѓу 12-те клуба кои изјавија дека се одделуваат во свој сопствен турнир, но под силниот притисок, тие и останатите од Премиер лигата се предомислија.

ʺСакам да им се извинам на сите приврзаници, кои го поддржуваат Ливерпул за раздорот што го предизвикав во последните 48 часа“, започна со своето обраќање Хенри.

Тој истакна, дека претставениот проект никогаш не би започнал без поддршката на приврзаниците. „Во тие 48 часа бевте многу јасни, дека нема да застанете зад него. Ние ве слушнавме. Јас ве слушнав“.

Хенри им се извини на менаџерот Јирген Клоп и фудбалерите, посочувајќи, дека тие немаат ништо заедничко со работата на идејата за Суперлигата. „Тие беа најзасегнати и при тоа неправедно. Тоа боли најмногу. Тие го сакаат вашиот клуб и работат секој ден, за да ве натераат да се гордеете“. Според неговите зборови, целиот тим ги има квалитетите и силата да направи чекор и да продолжи напред.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO