Фото: Роjтерс

Политичките последици од руско-чешкиот скандал со експлодираната муниција и протераните дипломати ќе бидат непредвидливи и без преседан. Така смета новинарот Христо Грозев од истражувачкиот сајт Belingcat. Пред БНР тој прогнозира дека ʺскандалот ќе се развива во следните часови“.

Во контекст на она што се случуваше во текот на неколку месеци во 2014 и 2015 година во Чешка и Бугарија, гледаме една и иста група, докажано од ГРУ, која се занимава со диверзии во странство, објасни Грозев.

ʺОна што го гледаме, се две експлозии во два магацини во Чешка, исто така, гледаме две експлозии во Бугарија и истите тие луѓе, членови на истиот тој оддел на ГРУ – 29055, тоа е неговото кодно име, присуствуваат како во Чешка, така и во Бугарија. 8 лица од тој оддел пристигнуваат во Бугарија од декември до мај, во групички од по две-три лица, вклучително неколку дена пред експлозиите во Сопот. Многу тешко е да не се види оваа црвена нишка што поминува низ оваа група на ГРУ и овие експлозии “.

Барем две лица од оваа група на ГРУ ја добиле највисоката награда од претседателот на Русија – ʺХерои на Русија“,имено  во врска со оваа серија од операции, покажува истражувањето на Belingcat. Според зборовите на Грозев, тоа означува, дека таа дејност била исклучително важна за Русија во тој момент.

ʺСепак, најлесно е да го поврземе имено со војната во Украина, која започна по анексијата на Крим од Русија. Најочигледното објаснување е попаѓањето на г-дин Гебрев, на некакво начин како мета на Русија, или затоа што извезувал, или затоа што тие сметале, дека тој би можел да биде клучен играч во помагањето на геополитичкиот противник на Русија во тој момент-Украина.”

Гебрев тврди дека неговиот извоз бил незначителен како количество, но Чешка тврди, дека имаат докази за спротивното, истакна новинарот.

ʺНе е неопходно да бараме големо количество. Во тој момент на војната – 2014 година, на Украина и требаат одредени муниции, кои никој не и ги продава – тие се од определен тип, особено противтенковски мини, кои се компатибилни со нивното оружје од советско производство. Тука не е неопходно да имало големи количини на продажба за да има клучен ефект во билансот на војната во тој период “, нагласи Христо Грозев.

ʺЕМКО во Бугарија да си ја заврши својата работа – сериозно да истражи што се случило на бугарска територија, а имено обид за убиство на три лица, бугарски државјани, во 2015 година“, одбележа Грозев.

Слушнете го целото интервју со Христо Грозев во звучниот фајл ТУКА.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO