Екипата на Ајакс го освои по 20-ти пат во својата историја купот на Холандија во фудбал.

Во финалниот натпревар од турнирот, кој се одигра на стадионот во Ротердам, Ајакс го победи Витес со 2: 1.

Ајакс поведе во 23-та минута преку Рајан Гравенберх, кој го искористи додавањето на Дејви Клаасен и ја затресе мрежата на симболичните гости.

Само 8 минути подоцна, Витес израмни преку Луа Опенда.

Во додаденото време, Давид Нерес му донесе успех на Ајакс.

Витес, го заврши мечот со човек помалку, откако во 86. минута Јакоб Расмусен доби црвен картон за груб прекршок.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO