Министерот за здравство Венко Филипче за периодот кој следува најави масовна вакцинација на повеќе локации низ државата, онаква каква што во моментов се спроведува во А1 Арената Борис Трајковски и во Здравствените домови кои имаат кадрови капацитети за да го изменаџираат овој процес. Со ова се планира значително да се интензивира процесот на имунизација во моментот кога ќе пристигнат поголемите количини на вакцини, во периодот кој следува.

ʺВо овој период којшто е пред нас ќе работиме очекувајќи ги кинеските вакцини кои ќе направат најголема промена во динамиката на спроведување на вакцинацијата. Места за масовна вакцинација во уште неколку градови по примерот на салата Борис Трајковски, а тоа ќе бидат градовите Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово покривајќи соодветни региони околу овие Здравствени домови кои може овој процес да го изменаџираат со кадар“ рече Филипче.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO