Известувачот за Северна Македонија, Илхан Ќучук и европратеникот Андреас Шидер изразија надеж, дијалогот со Бугарија да биде обновен, особено по формирањето на новата бугарска влада.
Европратеникот Шидер изјави дека билатералните проблеми не треба да се користат како повод за блокирање на преговорите со Северна Македонија за нејзиниот напредок на патот кон ЕУ.
ʺНе сум убеден, дека историскиот спор, често поткрепен со фалсификувани аргументи, помага за оформување на заедничка иднина“, нагласи тој и го даде следниот предлог:
ʺМожеби треба да најдеме двајца-тројца европски историчари на високо ниво, кои да водат вистинска историска дебата, без никакви внатрешно-политички димензии. Тоа би било добро решение, за да го поставиме прашањето во научни рамки, надвор од секојдневната политика и медиумските информации, бидејќи тие немаат место таму “.
Известувачот за напредок на Северна Македонија, Илхан Ќучук, беше категоричен дека треба да се стави крај на националистичката реторика и двете страни да се фокусираат на прагматичните проблеми. Во спротивно, идните генерации ќе не прекоруваат, додаде тој.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO