ʺНеодговорно е да влезам во доменот на шпекулациите дали имало или немало нон-пејпер. Треба да следиме тоа што официјално пред камери го изјавуваат портпаролите, официјалните лица и словенечкиот премиер Јанез Јанша“, вели заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, коментирајќи ја информацијата дека Јанша, испратил неофицијален ʺнон-пејпер“ документ до Брисел, во кој се наведува прекројување на границите на просторот на поранешна Југославија, меѓу кои и Македонија.

Тој потенцира дека сепак не смееме да бегаме од сериозна македонска позиција по ова прашање, бидејќи се работи за пресериозна теза.

ʺПовеќе би сакал шпекулациите на балканските медиуми да ги искористиме како повод за да поразговараме бидејќи таа теза ќе излезе малку, па пак ќе се врати. Во Европа, баш нема промена на границите, последната е во Западна Европа, слободната Ирска држава во 1922 година. Ние треба границите да ги направиме што помалку видливи и што помалку релевантни, а не да се фокусираме на нив, бидејќи тоа нема крај. Со сегашната администрација во Вашингтон, ние ќе видиме еден континуитет на американската политика кон Балканот, кој што во контектс на претходното отворање на оваа теза, амбасадорот Џејмс Пердју цитираше еден од принципите на нашиот Охридски договор, кој вели дека „нема територијални решенија  на етнички прашања“, изјави Димитров за „Утрински брифинг“.

Јанша поради наводниот неофицијален документ за БиХ испратен во Брисел на Твитер го нападна Тања Фајон, лидерката на словенечките Социјални демократи и европарламентарка, најверојатната противкандидатка на Јанша за премиерската позиција на следните парламентарни избори, без оглед дали предвремени или во редовниот рок следната година.

ʺАко извештаите на медиумите од БиХ и изјавите на дипломатите во регионот се вистинити, тоа може да биде многу штетно за Словенија“, наведе Фајон, додавајќи дека од Јанша бара одговор и објаснување.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO