Во статија со наслов ʺТео Давидов, младата тениска sвезда, која игра со две раце и не користи бекхенд“, весникот ʺГардијан“ раскажува за 10-годишен Бугарин кој живее во Денвер во американската држава Колорадо, на кого му се предвидува голема иднина.

Тео бил обучува од неговиот татко Калин да игра со двете раце, т.н. амбидекстер. Калин, кој е и негов тренер, смета дека тоа ќе му се исплати кога ќе порасне. Пред неколку седмици, пишува весникот, Тео предизвика вистинска сензација со качено видео на социјалните мрежи со неговиот стил на игра.

Талентираниот Тео стигна до четвртфиналето на турнир до 12 годишни во Сан Диего само со форхенд. Поради неговата способност да го префрла рекетот од десната во левата рака и обратно, на Тео не ми се наложува да игра бекхенд, а само со силни форхенд удари. Таткото и мајката на детето се поранешни спортисти, физиотерапевти и со длабоки медицински знаења. Тие имаат клиника во Денвер за невромускулна терапија, акупунктура и други практики. Нивното веруји е холистичката медицина или само-лекувањето.

Таткото Калин во интервју за ʺГардијанʺ вели дека неговата идеја да го научи неговиот син да игра подеднакво добро со левата рака нема никаква врска со стратегијата за тенис. ʺКога Тео наврши 8 години, решив дека е добро да игра и со левата рака, за подобро да ја развие десната хемисфера на мозокот, бидејќи тој е доста екстровертен тип, кибритлија и не многу балансиран“, посочува таткото.

Сега, стилот на Тео не само што ги збунува неговите противници, туку и му дава физичка предност, смета Калин. Според него, десеттиот форхенд на Тео е најсилниот меѓу тенисерите на неговата возраст, но треба да работи уште на левиот. За неговиот татко, сепак, најважно е Тео да го користи тенисот како ʺформа на духовно растење“. Слично на Роџер Федерер и Рафаел Надал, кои велат дека играат и други спортови кои им помагаат во тенисот. Тео скија, се искачува по планини, игра фудбал, пинг-понг и кошарка. Тој дури свири и на пијано.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO