Фото: Роjтерс

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков го нарече ʺпровокација“ навлегувањето на американски воени бродови во Црното Море.

Рјабков ги повика Соединетите држави да стојат подалеку од полуостровот Крим и црноморското крајбрежје на Русија.

Сергеј Рјабков беше категоричен дека американската флота нема работа во близина на бреговите на Русија. Според неговите зборови, постапките на Вашингтон се провокација која го тестира трпението на руската страна, но која нема да ги постигне своите цели.

ʺГи предупредуваме Соединетите држави да стојат подалеку од Крим и нашето црноморско крајбрежје. Тоа е и за нивно добро “, посочи Рјабков.

Тој кажа уште, дека Москва нема да се откаже од заштитата на руското говорно население во Донбас, и покрај изјавата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека Русија ќе си плати за своите агресивни активности во југоисточна Украина.

ʺСекоја закана на наша адреса го зајакнува нашето убедување дека спроведуваме вистински курс“, нагласи Сергеј Рјабков.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO