Фото: Роjтерс

Претседателот на Бугарија Румен Радев потпиша денес указ, со кој го свикува на 15 април 2021 година, од 9:00 часот, новоизбраното 45-то Народно собрание на прво заседание, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Утре на 14 април се очекува указот да биде објавен во вонредно издание на Државниот весник, се додава во соопштението.

Претседателот го потпиша указот откако во Државниот весник денес беа публикувани резултатите од парламентарните избори на 4 април.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO