Фото: Роjтерс

Над еден милион починати од коронавирус беа регистрирани во Европа од почетокот на пандемијата, покажуваат проценките на АФП.

Оваа статистика доаѓа во време на предупредувањето од Светската здравствена организација дека новите случаи на заразување со Ковид-19 продолжуваат драстично да растат.

ʺВо моментов сме во критична фаза на пандемијата“, кажа Марија ван Керкхове од Светската здравствена организација, цитирана од АФП.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, исто така изјави дека крајот на пандемијата уште е далеку, но ситуацијата може да се овладее со докажаните со својата ефикасност мерки.

Во светски рамки, бројот на починатите од коронавирус е над 2 милиони и 900 илјади.

Досега, вкупниот број на лица заразени со Ковид-19 е скоро 136 милиони.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO