Црковна организација или инструмент за остварување на нечии интерeси? Што всушност е ПОА на Јован Вранишковски? За оние кои ги паметат изјавите на екс владиката на МПЦ и не е нејасно како таа функционира и како ги менува ставовите во зависност од потребите за кои се даваат изјави. Но, за оние кои не паметат, сосема доволно е само едно пребарување на интернет за да некој се увери како ПОА зборува тоа што сака соговорникот да го слушне.

Ако во 2016 година пред Соборот во Крит, ПОА ја застапуваше тезата на Вселенската патријаршија и бараше СПЦ да оди на Соборот, иако Рускиот патријарх го бојкотираше, денеска ПОА, поради веројатно свои интереси, ја брани Руската црква во судиорот со Вселенската Патријаршија.

Веста што грчка Ромфеа ја објави пред некој ден, за телефонскиот разговор меѓу Вранишковски и Рускиот Патријарх, ја открива суштината на функционирањето на ПОА. Меѓу зборовите што, Ромфеа ги пренесува се и оние дека Вранишковски му ги кажал на Рускиот патријарх дека „Православната црква никогаш немала и не може да има единствен центар според моделот на Римокатоличката црква“, мислејќи на односот на Вселенската Патријаршија, и акцентирајќи дека Украинската православна црква е „целосна апостолска црква, која доброволно избрала да остане под јурисдикција на Московската патријаршија и да ужива во нејзината автономија во границите на Руската православна црква.

-Српската православна црква ја почитува организациската структура на Московската патријаршија, чиј составен дел е самоуправната украинска православна црква предводена од неговото блаженство митрополитот Киевски и цела Украина, и тој останува чувар на догми, односно, тој ќе биде на страната на вистината и нормалниот поредок , рекол Вранишковски.

Но, ако Вранишковски се прeслуша самиот себе од пред неколку години, кога зборува за расколот и за односoт на останатите цркви кон Вселенската патријаршија, тогаш ќе сфати дека во актуелниот случај Фанар-Москва, Рускиот патријарх е расколникот. Логично по зборовите што Јован ги кажува тој во Москва служел со расколничката руска црковна организација.

Во видеото е целосната изјава, но за акцентирање е делот во кој Јован вели: Ако една црква одлучи самоиницијативно да прекине сослужување со Вселенската патријаршија, тогаш таа црква е расколничка, а не Вселенската.“.

Руската црква во 2019 година го прекина сослужувањето со Вселенскиот патријарх, по издавањето томос за автокефална црква во Украина.

Извор: religija.mk

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO