Бизнисменот Орце Камчев останува во притвор во Шутка. Кривичниот суд одлучи да му го продолжи притворот на нови 30 дена. Тој во Шутка е веќе еден месец. Одбраната на осомничениот Камчев во случајот „Плацеви на Водно“, може да поднесе жалба до Апелациониот суд.

Соопштението на Кривичен го пренесуваме во целост:

ʺКривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена.“

Претходно од одбраната излегоа со став дека ќе поведат постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје за утврдување на незаконитоста на белешката.

Адвокатот Тони Менкиновски тврди дека АНБ немала надлежност да го следи бизнисменот, бидејќи не станува збор за некаква закана по националната безбедност.

ʺАНБ постапила надвор од своите законски овластувања предвидени во Законот за Агенцијата за национална безбедност, овластувања кои се однесуваат на дела како шпионажа, тероризам и негово финансирање, насилен екстремизам и други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност, додава Менкиновски.

Покрај постапката за незаконитоста на белешката, адвокатите на Камчев рекоа дека ќе поднесат и претставка до Судскиот совет за несовесно и нестручно работење на судијата по претходна постапка.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO