Фото: Роjтерс

Франција воведе нови правила за да ја забрза вакцинациската кампања против Ковид-19.

Досега над 10 милиони Французи примиле барем една доза на вакцина.

ʺЈа прошируваме вакцинацијата“, изјави со задоволство францускиот министер за здравство Оливие Веран во ʺЖурнал де Диманш“.

Од денес, сите Французи над 55 години можат да вакцинираат против Ковид-19. Досега тие немаа предност освен ако не се во ризична група. Првите 200.000 дози на вакцините од ʺЏонсон и Џонсон“ и ʺАстраЗенека“ веќе им се доставени и покрај полемиката – се смета дека ризиците од тромбоза помалку влијаат на оваа возрасна група.

Pfizer и Moderna остануваат за постарите лица, со тоа што времетраењето помеѓу двете дози се зголемува на 45 дена.

Ковид тестовите за домашна употреба се достапни и денес во аптеките. Тие се достапни за лица над 15 години без симптоми, а по празниците ќе бидат внесени во училиштата.

Затоа пак учителите сè уште не се во приоритетната група на вакцинираните.

Така, земјата на Луи Пастер зема замав по многу тромавиот почеток на вакцинациите во споредба со другите европски земји. Незадоволни и сега не недостасуваат: судот во Орлеан ја отфрли жалбата на Французин кој протестираше дека нема право да си избере вакцина.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO