Фото: Роjтерс

Русија распоредила повеќе од 40 000 војници на источната граница на Украина и уште толку во Крим, изјави портпаролот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од Ројтерс.

Зеленски настојувал за разговор со неговиот руски колега, Владимир Путин, околу ескалацијата на тензиите во источна Украина, но се уште не добил одговор.

Портпаролот на Зеленски, Јулија Мендел, изрази надеж тоа да не е откажување од дијалог.

Таа додаде дека шефот на украинската држава ќе го посети Париз, каде ќе се разговара за конфликтот во Донбас и распоредувањето на руски трупи.

Кремљ одрекува дека Киев изразил желба за разговори.

Во последните денови во Кремљ, не е добиено барање од украинскиот претседател Володимир Зеленски за телефонски разговор со претседателот на Русија Владимир Путин. Ова пред новинарите го изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO