Компанијата ʺЏонсон и Џонсон“ започнала со доставките на својата вакцина во една доза против ʺКовид-19“ на земји-членки на ЕУ

Ова го соопштил европратеникот и член на здравствената комисија во Европскиот парламент Питер Лизе, цитиран од Ројтерс.

Првите испораки беа планирани за почетокот на април, но поради проблеми со дистрибуцијата количините беа одложени.

Американската компанија се ангажира да и достави на ЕУ 55 милиони дози од препаратот до крајот на јуни и уште 120 милиони во третиот квартал.

Сигурна е пратката од 50 милиони дози за вториот квартал, кажа Лизе, истакнувајќи дека ја добил ова информација од компанијата и Европската комисија.

ʺЏонсон и Џонсонʺ за сега не се отворени за коментар, одбележува Ројтерс.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO