Фото: Роjтерс

Тензиите во источна Украина остануваат високи откако украинските сили и проруските сепаратисти во Донбас вчера разменија обвинувања за повторено кршење на примирјето. Според властите во Киев, еден украински војник бил убиен, а друг бил ранет.

Според украинската армија, вооружените сили во Донбас извршиле 9 напади во последните 24 часа. Украинските позиции во близина на Пиштевик, Доњецка област, биле обстрелувани со 82-милиметарски минофрлачи, противтенковски и рачни фрлачи на гранати, кое е забрането со договорот од Минск.

Од друга страна, самопрогласената Република Луганск соопштува за 4 напади на украинските сили со кое се крши примирјето. Проруските сепаратисти исто така тврдат дека Киев распоредил 49 борбени единици и воена опрема во близина на станбени згради и општински институции на територијата контролирана од украинските сили.

Утрово не се соопштува за борбени дејства.

Вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го прими во Истанбул неговиот украински колега Володимир Зеленски и изјави:

ʺТурција јасно ги заштитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Нашата главна цел е да гарантираме, дека Црното Море ќе остане регион на мир и соработка. Не сакаме ескалација на тензиите во нашиот регион “.

Изјавата на Ердоган предизвика реакција во Крим. Шефот на Комисијата на Кримскиот парламент за народна дипломатија и меѓуетнички односи, Јуриј Гемпел, изрази жалење за позицијата на турскиот претседател и го покани да го посети полуостровот, покажувајќи на тој начин мудрост и храброст.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO