Фото: Роjтерс

Русија не се подготвува за војна со Украина и не претставува закана за никого, изјави во телевизиско интервју портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Во истото време, тој истакна дека Москва не може да остане рамнодушна на судбината на населението што зборува руски јазик во Донбас.

Во предавањето ʺМосква, Кремљ, Путин“ на телевизија ʺРусија 1“, Дмитриј Песков ја коментираше загриженоста на Западот за концентрацијата на руски трупи на границата со Украина.

ʺНие се граничиме со земја во која во секој момент може да се возобнови граѓанската војна. Не го исклучуваме раководството на оваа земја повторно да смета дека е можно да се решат внатрешните проблеми со сила. Дали е тоа опасно за нас? Секако. Треба ли да преземеме чекори за да ја гарантираме нашата безбедност? Треба. Тоа и го правиме “.

Дмитриј Песков истакна дека Русија никогаш не била страна во конфликтот во Донбас.

ʺРусија не е страна во конфликтот, но вложува максимални напори да помогне во неговото решавање. Учесниците во нормандската четворка, со исклучок на Украина, генерално го разбираат тоа “.

Песков соопшти дека се подготвува нова средба на лидерите на Русија, Франција, Германија и Украина, но истакна дека Москва очекува Киев да исполни барем дел од претходно постигнатите договори.

 

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO