Фото: Роjтерс

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкeн, предупреди дека доколку Русија дејствува агресивно против Украина, ќе има тешки последици.

На телевизијата Ен-Би-Си, Блинкeн изрази загриженост за дејствијата на Москва на границата со Украина.

Претходно, британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб публикуваше позиција за Украина.

Велика Британија и Соединетите држави се категорично против руската кампања за дестабилизација на Украина и ја повикаа Русија кон деескалирање на тензиите, напиша Рааб и изјави дека Москва треба да ги почитува меѓународните обврски потпишани со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара работи за мирно решение на конфликтот меѓу Украина и Русија.

Ердоган повика на намалување на тензиите во Донбас по вчерашната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Ердоган во петокот телефонски разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин.

Турција, која е членка на НАТО, тесно соработува со Русија на голем број конфликти низ целиот свет – Сирија, Либија, Нагорно Карабах.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO